среда, 21. октобар 2020.

Петте најдолги реки во светот

 

За да се објасни должината на реките се користи едноставната дефиниција за долзина, па така должина на една река е растојанието во километри од нејзиниот извор до нејзиниот истек. Но денес во светот постојат многу несогласности по ова прашање, бидејќи многу реки имаат поголема ширина и длабочина, но помала должина (на пр. реката Амазон е со најголем волумен, но не и најдолга река). Според ова најсоодветно е дека реката е подолга доколку има поголема должина, но не и поголем волумен. 

  Ова е список на најдолги реки во светот. Во него се наведени петте најдолги реки во светот.

 Hил  е најдолгата, а воедно и најполноводната река во Африка (6853 км ) и е втора по големина река во светот. Се образува од Синиот и Белиот Нил. Синиот Нил извира од езерото Тана во Етиопија, додека Белиот Нил извира од од езерото Викторија. По својата речна Делта, Нил се влева во Средоземното Море. Египќаните многу ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување итн. Покрај Нил се наоѓаат гробници на важни луѓе од Стариот Египет. По Нил, најдолга река во светот е Амазон во Амазонската прашума. 
 
Река Нил – история на милиони години - Любопитно - DarikNews.bg  
 
Амазон 6.400 (шпански и португалски: Amazonas) — значајна река во Јужна Америка и најголемата река во светот во однос на волуменот на количество вода која тече поголем од 8-те најголеми реки заедно. Амазон, кој има најголем речен слив, се смета дека околу една петтина од сите речни текови во светот. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу 190 км и 210 км широк. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.
 
 
 
 
  Јангцекјанг 6.300 (кинески: 扬子江, пинјин: Yángzǐ Jiāng, Јангѕеѓанг или Сина Река), во самата Кина наречена Чангѓанг (长江 Cháng Jiāng - Долга Река) — најдолгата река во Азија, а и трета река по должина во светот со должина околу 6.300 км. Реката извира во западниот дел на Кина, во покраината Ќингхај. Реката тече од запад кон исток и се влива во Источно-кинеското Море во близина на градот Шангај. Географски реката ја дели Кина на северна и јужна, што и денес служи како ориентир.Во Тибет реката е позната под името Дангку (мочуришна река), а во некои јужни кинески покраини и како реката Јинша (река на златни песоци). Денес оваа река е позната и уште како Сина река
 
 

Мисисипи со Мисури (Северна Америка) е четврата најдолга река во светот со вкупна должина од 6.020 км. Мисисипи има многу притоки од кои Мисури е најдолгата. Реката Мисисипи извира од езерото Итаска во Минесота и се влива во Мексиканскиот Залив близу Њу Орлеанс. Таа тече низ десет сојузни држави на САД: Минесота, Висконсин, Ајова, Илиноис, Мисури, Кентаки, Тенеси, Арканзас, Мисисипи и Луизијана. Мисисипи достигнува ширина до 6.4 км.

 Water quality sensor hitching ride on Mississippi River boat

 

 Енисеј (руски: Енисей) е најголемиот речен систем којшто тече кон Северен Леден Океан. Речниот систем во кој се уште и реките Ангара и Селенга е долг 5.539 км, а со тоа е на петтото место по должина во светот. Извирајќи во Монголија, Енисеј продолжува да тече низ централен Сибир, заедно со Ангара и Селенга кон Енисејскиот Залив и Карското Море. Покрај целиот речен систем се изградени многу моќни хидроцентрали. Реката поминува низ областа на тајгите, а реката ја преминува и Транссибирската железница минувајќи низ градот Краснојарск.Енисеј - најголемата сибирска река - Russia Beyond Македонија

 

 


 

3 коментара:

Петте најдолги реки во светот

  За да се објасни должината на реките се користи едноставната дефиниција за долзина, па така должина на една река е растојанието во километ...